May 29, 2023

Општина Новаци финансиски ќе ја поддржи изградбата на пластеници за сопствени потреби до 50 квадратни метри

Со овој јавен повик ќе се направи субвенционирање на дел од трошоците за подигнување на пластеници за сопствени потреби и се утврдуваат корисниците, начинот, постапката, вкупниот износ, максималниот износ, критериумите за избор, прифатливите трошоци и документите за нивно докажување, а поддршката е еднократна и неповратна, стои во јавниотповик што вчера го објави Општина Новаци, а ќе трае се до 28.04.2023 до 15.00 часор кога потребните документи најдоцна треба да бидат доставени во архивата на Општината.
Корисници на ова право се жителите на општината кои имаат во сопственост и / или располагаат со дворно место или земјоделско земјиште што се наоѓа на теиторијата на Новаци. Заинтересираните треба да го пополнат образецот што може да го добијат во просториите на Општината. Еден барател има право да поднесе само едно барање за исплата на финансиска поддршка од ваков вид.

Фото: Пластеник, сопственост Brand: Pikabooshop


Петчлена комисија ќе ги разгледува поднесените барања/документи и ќе ја утврди исполнетоста на условите, затоа што распределбата на средствата ќе се врши врз основа на уредна документација, комплетна и навремено доставена придружна документација. Комисијата ќе се раководи од принципот „прв дојден – прв услужен“ се до исцрпување на вкупниот износ финансиски средства наменети за овој проект на Општината. Конечната листа ќе биде објавена на интернет страната н а Општината.
Вкупниот износ финансии за реализација на овој проект се 1.000,000 денари, средства предвидени и утврдени во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година. Максималниот износ на финансиска поддршка /надомест на дел од трошоците за набавка на материјали за подигање на пластеници за производство на еколошки -органски земјоделски производи за сопствени потреби изнесува 50% од вредноста на вкупните трошоци, но не повеќе од 10.000 денари по барател.
Во огласот Општина Новаци го нагласува и своето право да изврши увид во работите и доколк оцени дека барањето не се реализира според барањето односно најавата, да бара поврат на дадените средства.

Повеќе детаљи за повикот:


1024