April 19, 2024

„Поезијата не се толкува, поезијата се чувствува “-денеска во Кино Манаки

На програмата на КИЦ Битола денеска од 14.00 -15.30 ч во Кино Манаки се случува настан со наслов „ПОЕЗИЈАТА НЕ СЕ ТОЛКУВА, ПОЕЗИЈАТА СЕ ЧУВСТВУВА“

Поезија сѐ помалку се чита, така што преку оваа креативна работилница учениците ќе ги обноват своите знаења и вештини од редовната настава по Mакедонски јазик и книжевност како да се негува правилното акцентирање според правилата на македонскиот јазик и изразно читање на поетската творба , информираат од КИЦ Битола.

Учениците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ Битола ќе интерпретираат поезија од македонски и странски поети.

Ментор: м-р Даниела Петровска, професор по Mакедонски јазик и книжевност

Модератор: Биљана Т. Димко, професор по Македонски јазик и книжевност


1063