April 25, 2024

Јапонија заинтересирана за капацитетите на ЕСМ

Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р. Васко Ковачевски и директорот на развој и инвестиции Благој Гајдарџиски остварија средба со Амбасадорот на Јапонија во Северна Македонија, Н. Е. Казуја Оцука и претставници од Јапонската Корпорација ITOCHU.
На работната средба беа претставени енергетските капацитети на АД ЕСМ, завршените проекти во изминатите 3 години и планираните идни проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија.
Амбасадорот на Јапонија, Казуја Оцука и претставниците од Јапонската Корпорација ITOCHU се наклонети кон пружање поддршка во секторот енергетика, особено обновливите извори на енергија и искажаа особен интерес за преминувањето на нашата земја кон обновливи извори на енергија и заштита на животната средина.


Генералниот директор Ковачевски порача дека кризата е зад нас и сега е вистинско време да се посветиме на нови проекти, развој и енергетска трансформација. Од големо значење е поддршката од нивна страна како и од другите пријателски земји кои веќе го имаат поминато патот на замена на енергетските капацитети и нивно преориентирање кон почисти извори и заштита на животната средина.

Извор: ЕСМ


1025