“Правда за Јана“

Вечерва во Битола, на плоштадот “Магнолија“ се одржа протест, за кој битолчани велат дека бил досега намасовен граѓански протест организаран во градот. На протестот беше побарана “Правда за Јана“ – одговори од надлежните за смртта на шест-годишното девојче од Кравари. Битолчани го исполнија плоштадот “Магнолија“ со голем број на транспаренти, на кои пишуваше “Секогаш во нашите срца Јаничка“, “Малце се ли жртвите од короната“, “Сите сме Јана“, “Немаме солзи да ви ги исплачиме гревовите“, “Уште колку здрави деца како Јана треба да умрат?“
На присутните им се обрати, организаторот, Игор Петковски, инаку кум на починатото девојче, кој рече: Загрижени сегашни и идни родители, врсници на Јана, повозрасни деца, тинејџери, Ви благодариме за тоа што се сочуствуваме со голготата и неизмерната болка на семејството Христовски. Вечерва бараме правда за Јана која однапред знаеме дека институциоално ја губиме. Но, ни не останува да го кажеме тридецениското, наше Македонско “Тое е“. Туку да се обединиме сите заедно да се обединиме да бидеме посилни и јавно да кажеме Доста е. Доста е теророт за нашите чеда, доста е од негрижата, нефункционалнотоста на медицинските апарати, од редиците и безредието, од третманот кон нас пациентите, од нестручноста, од меѓусебните нарушени човечки прашања, неколегијаноста во болниците, од партизацијата, од нехигиената…
