„Либеро бенд“ имаат нов хит, „Ангел“

Направена по современ терк, сосема поразлична од она што досега го изведуваа како сопствен музички продукт и стил, Иван Иванов, Александар Темелковски, Дејан Стојановиќ, Алек Тасевски и Јордан Георгиевски своето најново аудио-визуелно остварување деновиве го промовираа во познатиот скопски ресторан „Дион“. Пред, за вакви прилики изненадувачки многуте присутни новинари, музичарите појаснија дека долго се работело на конечниот изглед на песната и  видеоспотот.

„Ангел“ е навистина и музички и визуелно нивно совршенство во досегашната кариера… Но, не само нивно, туку и лекција и предизвик за многу други како се прави поизвод кој може да конкурира и на региналниот пазар во радио и ТВ етерот. Музиката и текстот ги потпишуваат познатите брат и сестра Лазар и Магдалена Цветковски, додека филмската визуелизација на нивниот „Ангел“ беспрекорно ја пренел на слика проверениот мајстор Даниел Јовески.


1221

Задолжително

Verified by MonsterInsights