Јаков Милатовиќ е новиот претседател на Црна Гора, Ѓукановиќ поразен по 3 децении

Според прелиминарните резултати на Црногорската изборна комисија и Центарот за мониторинг и истражување, кандидатот Јаков МИлатовиќ со 58,9 % од гласовите е новиот претседател на Црна Гора. Во вториот круг на избори што се одржуваше денеска го победи претседателскиот кандидат Мило Ѓукановиќ кој освоил 41,1 отсто од гласовите.
Ова е интересен пресврт за Црна Гора затоа што во првиот круг од гласовите Ѓукановиќ освоил 35,3 отсто од гласовите, а Милатовиќ 28,9 отсто.
„Вечерва го оставаме минатото во минатото и зачекоруваме во иднината. Доста беше поврзување на власта и корупцијата, зачекориваме во нова демократска Црна Гогра. Порачувам дека срцето ми е големо поради довербата што ја добив од граѓаните и ветувам, тоа што ЦГ го немала, дека вистински ќе бидам претседател на сите граѓани. Никогаш повеќе нема да не делат, осиромашуваат и заробуваат државата со криминал и корупција. Ние ќе ја воведеме Црна Гора во ЕУ. Никогаш повеќе од тука нема да има негативизам кон соседите или земјите на Европа или Западен Балкан. Сакаме слога , заедништво и напредок во европскиот Западен Балкан. Сакаме да се занимаваме со теми од животно значење, европска интеграција, владеење на правото. Рековме збогум на еден погубен режим и последниот диктатор во Европа. Благодарам на сите кои во претходните 30 години го носеа факелот на слободата во Црна Грора која никогаш повеќе нема да ја водат диктатори и неуспешни луѓе. “- рече Милатовиќ во својот победнички говор предмалку .
Милатовиќ е економист. Магистерските студии од областа на економијата ги завршил на Универзитетот во Оксфорд и бил научник на британската влада (Чивнинг). Работното искуство го започна во НЛБ банка во Подгорица како дел од тимот за управување со ризици, потоа во Дојче банк во Франкфурт во тимот за проценка на кредитниот ризик со фокус на земјите од Централна и Источна Европа. Од 2014 година работи во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во тимот за економска и политичка анализа, најпрвин како економски аналитичар за регионот на Југоисточна Европа, а по унапредувањето на позицијата економист ги покрива земјите од Западен Балкан од канцеларијата во Подгорица. Во 2018 година, тој беше унапреден во главен економист со задача да ги покрива земјите од ЕУ, вклучувајќи ги Романија, Бугарија, Хрватска и Словенија од канцеларијата во Букурешт. Политичкото искуство го стекнал како министер за економски развој во Владата на Здравко Кривокапиќ . Медиумите во Црна Гора ги цитираат неговите средношколски соученици кои сведочат дека уште од училишните клупи велел дека сака и ќе биде претседател на државата.


1111

Задолжително

Verified by MonsterInsights