Промоција на две книжевни творби од авторката Билјана Андоновска

Во Бигорски манастир се одржа промоција на најновите дела на Билјана Андоновска. Во објавата на веста за настанот од Бигорски пишуваат:

„Вчера, во саботата на Акатистот на Пресвета Богородица, во смирениот амбиент на големиот манастирски синодикон наменет за свечени собири, се оствари промоцијата на две книжевни творби на писателката г-ѓа Билјана Андоновска од Битола, романот Светогорецот и поетската збирка „Славете Го Господа.“ Во наполнетиот синодикон присуствуваше и нашиот почитуван Старец, Епископот г. Партениј, архимандритот г. Доситеј, монаси братство и многубројни верници и почитувачи на пишаниот збор.

Промоцијата започна со читањето на рецензијата од писателката Јована Матевска-Атанасова:
„…На само 114 страници во Светогорецот Билјана Андоновска успеала да ја втисне својата љубов и повик кон пишаниот збор, свртен кон овековечување на неговиот животопис, да прикаже дел од чудата што Светецот ги направил, но и да ја претстави душата веродостојно како читателот да го гледа Светецот, да си разговара со него, да продира во душевноста која била поголема од неговото битие…

Авторката Билјана Андоновска, на присутните им рече :
„Во време на едно големо неверие и духовно слепило го запознав нашиот Старец, епископот Антаниски г. Партениј, кој уште при првото доаѓање тука, замислете, ме однесе во преубавата манастирска библиотека, Бигорската книгохранителница. Иако јас воопшто му немав спомнато дека години наназад мојата единствена утеха во тоа време беше читањето книги, и скриената желба и јас некогаш да напишам книга.“
До денес Билјана Андоновска авторски стои зад 4 книги.


На промоцијата со поучно слово се обрати и Епископ г. Партениј.
„Што е тоа кое ми остави посебен впечаток од романот на г-ѓа Андоновска? Во почетокот од својата новела таа пишува токму за таа книга, за Чудата на Пресвета Богородица. Тоа ме врати во едно друго време, кога, како што некои од вас сигурно знаат, беше многу тешко, речиси и невозможно да се најдат духовни книги на македонски јазик, затоа што црковната литература беше строго цензурирана од режимот во државата. На годишно ниво, излегуваше само Православното календарче на Македонската православна црква, а и тоа со контролирано одобрение од комунистичката партија….“

Повеќе на следниот линк:
https://bigorski.org.mk/vesti/nastani/promocija-na-dve-knizhevni-tvorbi-od-avtorkata-biljana-andonovska/?fbclid=IwAR3XI8DvmkbixHnJ7c5owLETiiiWNsJCawkOARFszsBkENJg9Ds_m0yiEfM


1167

Задолжително

Verified by MonsterInsights