Единствениот Поп Рок хор – “Со музика за музика”

Одлична понуда со хуманитарно – музички настан, кој е соработка помеѓу Korunovska music & singing и Културниот информативен центар – Битола, концерт на единствениот Поп Рок хор во Македонија – BITVOX, со мото “Со музика за музика”. Собраните средства ќе бидат наменети за збогатување на инструментариумот на Државното музичко училиште – Битола.
Сабота навечер, Свечената сала на Офицерски дом со почеток во 19.00 ч. Концертот е веќе распродаден, а се очекува уште еден концерт на 11.04.23 на истото место во исто време.


1103