Метео и хидро предупредување од УХМР

УХМР денеска објавува дека времето во целата држава е променливо облачно и студено со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладнево и во текот на ноќта како и вчера се очекуваат повремени интензивни врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините повремен снег.
Предупредува дека очекуваните врнежи од дожд во текот попладневните часови и за време на ноќта ќе предизвикаат зголемување на водостоите на реките низ земјава. Доколку локално бидат процесите поинтензивни можни се локални излевања кај суводолиците и помалите реки, како и локални проблеми кај дел од градските населени места.
Во следните два дена времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула.
Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.


1032