Почна изградбата на коридор 8 и покрај контроверзите започнати по изборот на надзорната компанија што произведува гаќи

Премиерот Димитар Ковачевски, Претседателот на Собранието Талат Џафери, сите министри, дипломатскиот кор предводен од американската амбасадорка присуствуваа денеска на симболичното поставување камен темелник на коридор 8 – современ автопат на релација Тетот-Гостивар-Букојчани-Требениште-Струга до Ќафасан.

За премиерот Димитар Ковачевски „Денешниот чин, е почеток на сериозен стратешки и државнички подвиг, чија придобивка и благодат ќе ја гледаат сегашните и идните генерации на нашата земјата, но и на двете наши соседни земји кон исток и кон запад кои ги поврзува Коридор 8, и на сите кои ќе минуваат низ него“, рече премиерот, додавајќи дека со ова и со геостратешката позиција стануваме неизбежна транспортна рута во регионот и пошироко.

Се работи за Паневропски коридор (VIII) — еден од десетте паневропски сообраќајни коридори,што го поврзува Јадранско Море со Црно Море преку Албанија, Македонија и Бугарија. Основната траса на паневропскиот коридор VIII е: Бари – Драч – Тирана – Елбасан – Струга – Кичево – Гостивар – Тетово – Скопје – Куманово – Крива паланка – Ќустендил – Софија – Пловдив – Бургас и Варна. Долж својата траса е поврзан со коридорите 4 и 10 во Европа.


„Изградбата на Коридорот 8 значи помалку трошоци за транспорт, побрз транспорт, поврзување и интеграција на Северна Македонија, како и економски и регионален развој на земјава.“-вели премиерот Ковачевски.


Почетокот на реализација на изградбата започнува и покрај контроверзите што го следат изборот на изведувачот. И покрај фактот дека компанијата „Бехтел и Енка“ е реномирана во изградбата на патишта, македонските градежници го проблематизираат објаснувањето од владата дека ниту еден километар од предвидената траса не е досега проектиран, а сумата којашто треба да биде издвоена во следните 5 години од македонскиот Буџет е 1,3 милијарди евра. Нетрасиран пат подразбира многу повеќе трошоци најпрвин само за експропријација на земјиште, велат експертите, додавајќи го и факторот предвидено време дадено на изведувачот.
Но, поголемата контроверза започна по обелоденувањето на неправилностите во изведувањето на тендерот за избор на надзор врз работата врз македонскиот дел од Коридор 8.

Најпрвин заради одлагањето на тендерот и промената во условите за не(и)мање позитивен банкарски биланс. А потоа и за висината на сумите пари кои треба да ги добие надзорот , кои според ВМРО-ДПМНЕ се 7 пати поголеми од тие кои се плаќани на други проекти.

„Конзорциумот ИРД – ЕПТИСА – Електра Солушн – Евро Консалтинг за 4 лица за еден месец наплатил 900.000 евра, за составување на договорот со изведувачот на Коридорите 8 и 10Д. Четири лица ангажирани преку овој Конзорциум поединечно наплатиле по 225.000 евра за месец ефективна работа. Дополнително до крајот на проектот на истите 4 лица треба да им бидат префрлени уште по 75.000 евра по човек.“ – објавија од ВМРО-ДПМНЕ веднаш по завршуавњето на тендерот. „Оваа фирма, Електра Солушн, од вкупно 22 милиони евра ќе добие 8.3 милиони евра, а истата кога бил распишан јавниот повик за доставување на понуди за учество на тендерот воопшто немала ниту лиценца.“- коментираа од партијата. Најголемиот дел од парите ќе поминат преку Електра Солушн, фирма за производство на долна облека.


2178

Задолжително

Verified by MonsterInsights