Трамп денеска со исказ пред обвинителство и кривичен суд

Вниманието на Американците и светот денеска е насочено кон Њујорк. От моментот на пристигнување на поранешниот претседател Доналд Трамп новинарски екипи, камери и фотографи, папараци го следат секој негов чекор. Во тек на својата посета на градот Трамп треба да го посети Обвинителството и потоа Кривичниот суд.
Трамп се соочува со околу 30 обвиненија од кривична природа, а досега, никој не знае кои се тие. Претпоставките на медиумите се дека се поврзани со наводна финансиска проневера односно измама од изборите во 2016 година, кога на порно ѕвезда и дал пари дза да не зборува за нивната наводна афера, а парите книговодствено ги завел во парите од кампањата како „правни трошоци“.
Пред зградите на обвинителството и кривичниот суд во Њујорк безбедноста е зајакната на најависоко ниво, поставени се барикади и улицата којашто води до влезот на двете згради.

Полицијата не им дозволува ниту на новинарските екпи да поминат и да направат снимки.
Полициската управа во Њујорк е во состојба на висока готовност пред обвинението поради најавата дека поддржуавачи и противници на Трамп планираат протести сметајќи го ова за политички прогон. На полицајците им било кажано цел ден да бидат во униформа и да бидат подготвени за итно распоредување, никој не добил право на слободен ден.
Градоначалникот Ерик Адамс пак се појавил во утринските програми на сите телевизии со порака до потенцијалните демонстранти, порачувајќи им дека треба да се контролираат, дека Њујорк не е игралиште за „вашиот погрешен гнев“.
Точните обвиненија што треба да се покренат против Трамп се непознати, исплатата на порно актерката Сторми Даниелс не била незаконска, но тој наводно ја евидентирал како деловен трошок. Фалсификувањето деловни книги е нелегално во Њујорк.
Се очекува поранешниот претседател да биде ослободен со кауција и да се врати во својот дом Мар-а-Лаго на Флорида по неговото појавување на суд.


1086

Задолжително

Verified by MonsterInsights