Со задоволство КИЦ Битола најавува импресивната културна понуда за оваа недела.
Во рамките на годишната програма на ЈОУ КИЦ Битола, а во духот на едукација на младите со културно-историското наследство на Битола и придонесот кон светската кинематографија, од вчера па во наредниот период вo Кино Браќа Манаки ќе се прикажува наградуваниот документарен филм, „Манаки, приказна во слики“ на авторот Роберт Јанкуловски. https://filmfreeway.com/ManakiAStoryinPictures

За в сабота на 08.04.2023 најавува два респектибилни настани. Првиот настан е изложба на фотографии од Даниел Ѓурчиновски насловена како, „5 Години JFF Bitola“ со почеток во 12.00 ч. во Кристалната сала на Офицерски дом. Изложбата содржи автентични фотографии од музичките настапи на џез музичарите кои во изминатите пет години настапиле на битолскиот џез фестивал „Jazz factory fest“.

Програмската понуда ја заокружуваат со хуманитарно – музички настан, кој е соработка помеѓу Korunovska music & singing и Културниот информативен центар – Битола, концерт на единствениот Поп Рок хор во Македонија – BITVOX, со мото “Со музика за музика”. Собраните средства ќе бидат наменети за збогатување на инструментариумот на Државното музичко училиште – Битола.
Сабота навечер, Свечената сала на Офицерски дом со почеток во 19.00 ч. Концертот е веќе распродаден, а се очекува уште еден концерт на 11.04.23 на истото место во исто време.


1031