Временска прогноза

Под влијание на влажен бран денес времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Локални врнежи од дожд ќе има и утре. Стабилизирање на времето со пораст на дневната температура ќе има од вторник.

Облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од псевероисточен правец.

Очекуваните врнежи од дожд во текот попладневните часови и за време на ноќта ќе предизвикаат зголемување на водостоите на реките низ земјава. Доколку локално бидат процесите поинтензивни можни се локални излевања кај суводолиците и помалите реки, како и локални проблеми кај дел од градските населени места.


1111

Задолжително

Verified by MonsterInsights