April 25, 2024

Г.ЕМ.С – проект што придонесува кон имплементација на зелените закони во државата

Регионална стратегија за транзиција кон зелена економија и зелени вработувања , 10 компаниски стратегии, систематизации во кои ќе се стават зелените вработувања, 10 бизнис планирања на стартапи кои ќе бидат поддржани од бизнис инкубаторот на БАС , 10 акциони планови за стопанственици во пелеагонискиот плански регион, 15 апликации за ИПАРД и ФИТР , соларна фотоволтаична централа, електрични велосипеди со полначки точки низ градот, и најмалку 1000 корисници кадешто ќе се поттикне, осознае за важноста од почитувањето на животната средина, за поимите како зелени вработувања и зелена економија.


Ова се мерливите елементи од проектот Г.ЕМ.С – Стимулирање на зелени вработувања: клучни точки за прекугранични образовни и технoлошки иновации (G.EM.S – Stimulating Green Employment Spots), што го реализираат 4 партнери од Македонија и Грција со финансиска подршка од ИПА програмата на Европска Унија за погранична соработка – Бизнис Академија Смилевски ( БАС ), Регионалната стопанска комора со седиште во Битола, Универзитетот од Кожани со Центарот за истражување и технологија СЕРТ од Грција, за кој во Битола се одржа промоција.
Заштитата на животната средина бара посветеност и внимание во повеќе сфери и секако интернацинонална поддршка рече Христина Оџаклиеска, заменик министер во македонското Министерството за животна средина.


„Добро е да се носат мерки и да се креираат политики и да се носат законски решенија меѓутоа треба и да се спроведуваат законските решенија кои ги носите со поддршка на пратениците во Собранието. Затоа е важно да имаме луѓе на соодветни места кои ќе одговорат на проблеммите спроведувајќи ги законите што ги носиме. Во сферата на заштита на животната средина во повеќе области се направени напори за добро транспонирање на нашето законодавство со европското. Она што ни недостасува е континуирана и целосна имплементација на терен. Овој проект ќе даде придонес за поддршка на процесот, меѓуопштинска соработка и заемна поддршка на општините и секако соработка со соседна земја со која се спроведуваат сите активности кои се предвидени во проектот и секако дека одговора на проблемите со кои се соочуваме денес. “


Дискусијата е широко отворена од поставувањето на целите со Европскиот зелен договор, што Македонија, веднаш го прифати како своја насока во справувањето со климатските предизвици , иако роковите за 2025годин, 2030 година или 2050година како рокови за намалување на користењето на фосилните горива и замена со обновливи извори за македонската економија и стопанство доаѓаат многу брзо.


„Па ќе мораме тоа да го направиме од причина што веќе ЕУ ни даде услов до 2025 година РЕК Битола и Осломеј да ги затвориме. Ова владата го знае, ние сакаме да го одложиме, меѓутоа тие тоа го бараат од нас и мораме, ние,стопанството, мора тоа да го прифатиме – рече денеска М-р Мирко Велевски , од Регионалната стопанска комора во Битола. „И многу брзо и тоа го правиме, еве со поставување на фотоволтаици на покривите…Битола веќе предничи, ние кажавме многупати дека овој регион вложува во тие фотоволтаици и сме меѓу првите региони во Македонија кадешто многу се инвестира. И сами гледате колку има турски инвеститори, од Грција, странци, веќе го поставуваме како барање ние како Комора за да може 2025 да ја дочекаме спремни, зелена енергија да имаме и, за конкурентни да бидиме на светските пазари.“- објасна тој.


Според одредени анкети за кои денеска информираше Владимир Жоглев од Министерството за локална самоуправа, 88% или секој четврт од пет испитани сака да работи во претпријатие кадешто се користи зелена енергија. „На младите ова им е важно, а проектот овозможува вмрежување, едукација на зелени вештини , создавање кадри кои ќе може да одговорат на предизвиците “- рече Жоглев.


Ова е можност да го зачуваме регионот од загадување и да ги задржиме младите тука, единствени беа во изнесениот социо-економски аспект на влијанието од проектот Г.ЕМ.С рекоа денеска Борче Јовчевски, градоначалник на Прилеп, и претседател на Советот за развој на Пелагонскиот плански регион и Александрос Видурис, генерален конзул на Грција во Македонија.
„Г.ЕМ.С е еден од многу важните проекти којшто го опфаќаат нашиот регион, со цел обезбедување на услови за вмрежување на образовно-академските институции на нашите две соседни земји Македонија и Грција. Воедно со тоа и покажуваме зближување и разменување на искуства и идеи и на бизнис секторот, со тоа потенцираме и колку сме спремни на ваков предизвик во време на економска и енергетска криза да ги надминеме сите проблеми, а воедно да обезбедиме подобри услови за живот во нашиот регион. Притоа , градоначалникот Јовчевски додаде „Мислам на се она што не затекна, значи поскапување на струјата, неминовната потреба да се снајдеме во овој хаос со обезбедување на алтернативни извори на обновлива енергија,зелена енергија. Овој проект, во дел од овој проект содржи и таква содржина, односно најдување на алтернативни извори на обезбедување на енергија. Точно со решавање на овој проблем и со решавање и изнајдување на взаемни интереси преку овој проект ќе обезбеди услови и за нивни развој , зацрвстување на нивното стопанство односно на базата на средства, а истовремено ќе значи за нас и вработување на голем дел на млади работници коишто ќе обезбедат егзистенција од овој проект.“


Проектот е показател на политиките насочени кон младите рече Александрос Видурис, генерален конзул на Грција во Македонија. „Во општините од двете страни на границата младите се понапредни од нас, технички се понапредни од нас, па чувствам дека нашата генерација единствено што може да направи е да ги поддржи нивните напори. Креирањето на заеднички иновативни и едукативни точки овозможува средби, да дојдат и да се зближат, да разменат искуства и формираат социјална синергија кон заеднички напредок- рече Видурис.

Проектот Стимулирање на зелени вработувања: клучни точки за прекугранични образовни и технoлошки иновации -Г. ЕМ.С започна да се реализацира на 15 декември 2022 година, а во моментов сите вклучени се на терен, информираше за медиумите денеска проектниот менаџер од БАС проф. Тони Соклевски. „Сите овие фирми се во процес на поттикнување на зелените вработувања, отворање на работни места во тој дел, поставување на фотоволтаици, поставување на организациска технологија која ќе ги заштитити суровините уште од почеток и крајните резултати, исто така се поттикнати голем број на млади луѓе преку начинот на изработка на бизнис плановите преку кои ќе си ги отвораат своите стартапи на тој дел. Голем дел од фирмите пак се пионери во

таа област и успеале да заштедат од својата електрична енергија користејќи ги обновливите извори на енергија, меѓутоа нивниот процес дозволува надградба на енергетските решенија без разлика дали тоа се работи на организациска технологија, дали се работи на одржување на фотоволтаици итн значи сите тие фирми се расположени да работаат во тој дел, точно на оваа транзиција од „кафеав“ кон обновлив извор на енергија. “- изјави проф. д-р Тони Соклевски од БАС.
Реализацијата на целиот проект е предвидена за крајот на оваа година.


1054