Директорот на битолската болница Обедниковски поднесува оставка од морални причини
Директорот на битолската болница, доктор Александар Обедниковски утре ќе поднесе оставка од фунцкијата, по смртта на новороденчето кое почина два часа откако било родено, што е последен во низата случаи кои ја потресуваат оваа болница.
Претходно, шестгодишната Јана Христовска почина на детското одделение по примена инфузија. Нејзините родители се сомневаат на лекарска грешка, но обвинителството се уште го чека наодот од обдукцијата, за да одлучи дали ќе поднесе обвинение.
Александар Обедниковски е директор на битолска болница од мај 2022-та година.