April 25, 2024

С А Д и глобализираната економија

САД со сигурност и во наредните години ке го одржи својот индустриски развој и раст и ке ја задрши својата доминација како економска велесила, Русија ке го искористи своето присуство низ географските региони со силните енергенси и ке го зголеми своето влијание како материјално и финансиски на своето некогашно тло но и воено ке ги покаже своите атрибути и ке продира секаде каде смета дека воено и политички треба да го има своето силно влијание.Кина и понатаму ке има експанзија на меѓународниот пазар со евтини производи за широка потрошувачка и ке го прошири своето влијание на останатиот свет во развој нудејки евтина технологија а воедно ке бележи забразан технолошки развој а и ке стани активен чинител во екреирањето на економскта МАПА ВО ГЛОБАЛИЗИРАНАТА ЕКОНОМИЈА КОЈА ГО ЗАФАТИ ЦЕЛИОТ ЕКОНОМСКИ И ГЕОГРАФСКИ ПРОСТОР.
Но нема да се одалечат односно раздружат Франција, Англија и САД од својат заедничка економска политика вклучувајки ја доминацијата и во воена смисла иако е на еден начин хегемонизација за зафакање на што поголем простор на влијание на земјината топка.
Еврото со големи маки и подршка ке се одржи како заедничка валуте во Еврозоната останувајки со истата забоболка Грција- која не е во состојба по ниедна економска и математичка равенка да го измирува својот долг но Европа ке бара начин како вешто да го сокрие тоа од економскта јавност и да го оправда секој нејзин гаф како на политички така и на економски план.Прашањето што со источна Европа каде се наоѓа таа во сложените економски констелации дали Европа ке ја земи под заштита плашејки се да не падне истата во прегратките на Русија која со сите расположливи потенцијали го промовира својот продор во источна Европа па затоа Европа нема избор и голем простор за маневри во решавањето на своето проширување односно присоединување во големото друштво на Европската Унија.
Д р Љупчо Бошевски

Ставовите искажани во рубриката Колумнa се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на pelanet.mk. Редакцијата на pelanet.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.


1023