Само вистинските софтверски инженери ќе ја преживеат AI револуцијата

Не знам дали сме свесни за деликатноста на моментот во кој моментално се наоѓаме, не само како програмери, туку и како човечка раса.
Во моментот се случува технолошки бум на вештачка интелигенција. Моментот е толку сериозен, што ќе ја одлучи иднината за напредокот на човековата раса и опстанокот на планетата Земја.
Последните случувања поврзани со енормниот напредок во сферата на вештачката интелигенција го разбрануваа целиот свет, но сеуште има такви на кои уште не им е јасна важноста на моментот.
Моментот е: ако не можеш да го победиш, придружи му се. И сите што сега нема да се придружат и да чекорат заедно со вештачката интелигенција, ќе останат заборавени од времето и веројатно никогаш нема да го доживеат светлото на денот.
Многу професии се пред замирање, а една од најзагрозените е програмерската. Секој што не го гледа ова, треба сериозно да се преиспита дали треба да продолжи да работи и фунционира во оваа област.
Поентата е следна: станува тенка границата помеѓу софтверски инженер и програмер.
До сега, програмерот мораше да ја знае целата синтакса на кодот кој го пишува, мораше да ги памети клучните зборови од програмскиот јазик, мораше да ги памети сите тие правила кои во себе ги содржи дадениот јазик.
Но, отсега, сето ова е тривијално. Со други зборови, отсега натаму, секој што малку ја разбира архитектурата на компјутерските системи, што малку ги разбира концептите на компјутерските науки, може да биде програмер.
Последните модели се толку напредни што ви генерираат код, код кој се состои од цели фунции, па дури и цели програми. Ваша задача ќе биде, како софтверски инженери само да ги склопите различните делови од системот и да направите една целина. Можете да градите цели софтверски системи без да напишете еден единствен ред код. Нема повеќе пишување код, нема повеќе губење време на непотребни работи, сега го имате целото време на светот да го посветите на размислување на градбата на самиот систем, а останатото му го оставате на вашиот AI дигитален асистент.
И ова нема да запре овде, ова е само почеток. Веќе и месеците стануваат денови, годините стануваат месеци. Овој напредок ќе оди толку брзо што доколку не се фати возот на време, ќе останеме во чекалната за цел живот.
Накратко, подгответе се додека е време, за да ја преживеете бурата која претстои, бура која ќе ја преживеат само оние кои на време ја сфатиле сериозноста на ситуацијата.
Не сакам ова да звучи како апокалиптично сценарио, но тоа е реалноста.

Никола Поп Томов, април 11, 2023 год.
*Овој текст е мое лично авторско дело и не е генерирано од дигитален асистент за вештачка интелигенција (иако не можам да го докажам тоа 😆)


1148

Задолжително

Verified by MonsterInsights