Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата на воздухот во Пелагонија, од 2 до 16 степени Целзиусови.
Предупредување: Очекуваните врнежи од дожд во текот попладневните часови и за време на ноќта ќе предизвикаат зголемување на водостоите на реките низ земјава. Доколку локално бидат процесите поинтензивни можни се локални излевања кај суводолиците и помалите реки, како и локални проблеми кај дел од градските населени места.
Во петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи.
Извор: УХМР
