Градоначалникот со барање до Советот да бидат субвенционирани сите уредни барања за инвертер-клима уреди
Денеска заврши крајниот рок за поднесување барање за добување субвенции од Општината за купени инвертер-клима уреди. Заради големиот број барања, а ограничените финансиски ресурси од Буџетот на Општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски одлучи да побара од советниците да излезат во пресред на барањата на граѓаните. Тој денеска направи обраќање до јавноста и јавно обрачање до Советот:
„Почитувани граѓани, сакам да ви се заблагодарам за големиот интерес на јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на инвертер клима уреди. Со големиот број барања доставени до Општина Битола уште од првиот ден на објавувањето на повикот , потврдивте дека оваа мерка потврдена во програмата за животна средина е навистина потребна за жителите на нашата општина. ИМајќи предвид дека планираниот буџет за оваа намена изнесува 1.600 илјади денари со пресметан персонален данок за личен доход , што се недоволно средства за субвенционирање на сите заинтересирани , одлучив да побарам од Советот на Општина Битола на седницата во месец мај усвојување на ребалансот на буџетот и донесување на одлука за дообезбедување на финансиски средства за субвенционирање на сите граѓани кои аплицирале за инвертер – клима уреди , ги исполнуваат условите во повикот и доставиле комплетна документација до Општина Битола.
Очекувам Советот да го прифати моето барање и сите граѓани кои имаат комплетна документација да добијат надоместок во вредност од 30% од вкупната цена на чинење на уредот до максимумот од 18.000 денари . Само на овој начин ќе се овозможи реализација и на други планирани субвенционирања согласно програмата за животна средина . Но истовремено, и заеднички ќе покажеме дека се грижиме за граѓаните , ги почитуваме нивните барања и работиме во интерес на Битола. “
Извор: Општина Битола