„Правда за Јана“ – попладнево протест против сите грешки на лекарите во Клиничка Болница Битола

Со сирена, како аларм кој досега со децении очигледно никому не се вклучил по реакциите на јавноста, пациентите , амбулантните и тие кои се хоспитализирани, големи и мали, се реализираше третиот по ред протест „Правда за Јана“ , денеска пред главниот влез на Клиничка Болница во Битола. Овојпат, посветен на смртта на сите малолетници за кои постојат сомнежи најмалку за небрежност на здравствениот персонал, се претстави како движење, кое има единствена визија – да се променат состојбите во битолското и македонското здравство.
„Сирената е вклучена, а вклучен е и алармот за битолската болница. Недозволиво е во 21. век со толку напредна медицина, на ваков начин да заминуваат нашите најмили. Со едноминутно молчење оддаваме почит за прераната смрт на сите дечиња што ја доживеале судбината на Јана. Оставката на досегашниот директор за нас ништо не значи бидејќи тој сам изјави дека состојбата во болницата е очајна и затоа сметаме дека инспекцијата не треба да доаѓа само кога се случуваат трагедии, туку постојано. “ – рече Игор Петковски кум на 6 годишната Јана кој и го организира протестот на кој многу битолчани и краварчани даваат поддршка.


Во духот на православниот празник кој претстои, тој за протестите кои треба да ги алармираат институциите за брзо и квалитетно дејствување, се огласи на социјалните мрежи:
„Скоро трета недела: Можеби ова, можеби она, вероватно ова, вероватно она, постои ризик ова, постои ризик она ,не исклучуваме причина за ова, не исклучуваме причина за она….А ние пак ќе кажиме: Нека Божјата правда, се преточи во земска правда и така се да излези на виделина, за капка утеха нека е! Сите инволвирани органи имајте на Ум дека деца и внуци имате…од се, се бега но од Божјото око никогаш, совеста и ангелот чувар ќе ве напуштат и гризат довека “.


1025