September 28, 2023

Брдаровска потпретседател, Талевски претседател на Советот за волонтерство на Општина Битола

Денес, во Општина Битола, се одржа конститутивна седница на Советот за волонтерство кој функционира како консултативно тело на Советот на општината, составено од 9 члена кои се избрани по пат на јавен повик и номинација од институции и граѓански организации. Ова тело, преку својата советодавна работа влијае врз зголемување на младинското учество во локалната заедница, преку волонтерство и препознавање на волонтерскиот труд на локално ниво.

Присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој им посака успешна работа на членовите на новиот состав на Советот за волонтерство.
За претседател на Советот за волонтерство е избран Златко Талевски, а за потпретседател Викторија Брдаровска.

Работата на Советот за волонтерство се базира на унапредување на процесите на волонтерството, нивно доближување до граѓаните и до сите заинтересирани страни, како што се граѓанските организации и локалните институции.

Воедно, Општина Битола во соработка со Советот за волонтерство оваа година додели и финансиски средства од буџетот на општината за граѓански здруженија и фондации за реализација на активности од Акцискиот план за развој на волонтерството и за организирање на волонтерски акции.

Гласањето помина во одлична и фер атмосфера според процедура. На оваа прва седница беше приложен и Деловникот за работа на Советот за волонтерство.

Мандадот на избраните членови е во период од две години со право на уште еден реизбор.


1050