Временска прогноза

Денес ќе има повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурата на воздухот се движи од 9 степени Целзиусови до 16 .

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

Во недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи.

Предупредување : Очекуваните врнежи од дожд во текот попладневните часови и за време на ноќта ќе предизвикаат зголемување на водостоите на реките низ земјава. Доколку локално бидат процесите поинтензивни можни се локални излевања кај суводолиците и помалите реки, како и локални проблеми кај дел од градските населени места.

Извор: УХМР


1024