„Весел петок“ нов детски фоклорен фестивал во Битола од КУД „Илинден“

Вечерва во Офицерски за првпат ќе удри тапанот на нов фолклорен фестивал во Битола.

Со цел младите генерации да ја продолжат традицијата од оваа година КУД „Илинден“ Битола започнува со организација на Детски фолклорен фестивал насловен како „Весел Петок“.

Во рамките на фестивалот од 18 до 22 април 2023 година ќе се одржат голем број на манифестации во кој ќе бидат учесници детски фолклорни ансамбли од Македонија и странство, а централна манифестација ќе биде одбележувањето на празникот „Источен петок Балаклија“ односно „Градски – селски Велидген“ на 21 април во петок со почеток во 13 часот на Средсело во Генимаале.

Вечерва во битолскиот Офицерски дом ќе се одржи манифестацијата „Ала турка и ала франга концерт” која ќе ја одржат членовите на КУД „Илинден“, а во наредните денови на различни локации во градот ќе настапат членови на училишниот фолклорен ансамбл „Тевлаб“ од Будимпешта-Унгарија, како и македонските детски фолклорни групи „Илинден“-Демир Хисар, „8ми Октомври“-Крива Паланка, „Дримкол“-Вевчани“, „Китка“-Истибања“, „Јане Сандански“-Неготино, „Орце Николов“-Скопје и КУД „Илинден“-Битола.


1198

Задолжително

Verified by MonsterInsights