Иво Трајков со „Пјарги“ ги освојува европските филмски награди
Филмот „Пјарги“ , словачко-чешко-македонска копродукција во режија на Иво Трајков освои 12 награди на Националните филмски награди „Сонцето во мрежата“ во Словачка на Словачката Академија за Филм и Телевизија Номиниран бил во сите 16 категории.

Освен најпосакуваната Награда од публиката Сонцето во мрежата, филмот доби награда за Најдоброто сценарио, Најдобра кинематографија, Најдобра филмска монтажа, Најдобар филмски звук, Најдобар архитект – сценограф, Најдобрите костими, Најдобрите маски/ шминка, Најдобри визуелни ефекти, Најдобра женска изведба во главна улога, Најдобра споредна женска улога, Најдобар актер во главна улога.
Музиката во „Пјарги“ / Piargy / Пјаргија е на Кирил Џајковски кој деновиве ја објави филмската музика на YouTube и социјалните мрежи.
„Заснована на расказ од 1942 година на словачкиот писател Франтишек Швантнер, водечка фигура во одреден дел од модернистичката литература – натуризмот – драмата вредна 1,6 милиони евра ја следи мистична приказна за повторното раѓање на Антихристот и се удвојува како метафорична алузија на библиската приказна од Содом и Гомора. Алегориската приказна за „несигурното злосторство и сурова казна“ ја следи младата протагонистка Јулиша од селото Пјарги откако се омажи за синот на богат земјопоседник. Таа наскоро станува жртва на страста на нејзиниот свекор. Приказната е раскажана во ретроспектива додека епископ испраќа свештеник да го истражи селото, кое е затрупано од лавина. Епископот сака да знае што се случило во планинското село и дали Антихристот навистина се вратил или тоа е само имагинација на шокиран преживеан кој вели дека катастрофата е Божја казна за гревовите на селаните.“ – пишува https://cineuropa.org/
Изработен во црно-бела техника, филмот од својата словачка премиера кон крајот на годината има освоено 80 награди.