April 25, 2024

Утринава штипскиот регион го стресе земјотрес

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава 19.04.2023 година регистрираше земјотрес 74 km југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 4 часот и 22 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.3 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.

Ова е трет земјотрес регистриран во истото трусно подрачје Св. Николе – Штип. На 30 март штипјани во попладневните часови почувствувале земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а ден пред тоа на 29 март се случил земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Фото насловна: сеизмичка мапа од 2021 година, сопственост ПМФ


1018