March 28, 2024

Денеска официјално започнува операцијата Фронтекс Македонија

Со свечена церемонија и распоредување на трупите долж македонската граница започнува мисијата на Фронтекс во Македонија. Се работи за заедничка операција на македонските полициски сили и европските полициски сили задолжени за заштита на надворешните граници на Европската Унија.
Заедничката операција подразбира поддршка во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спрелувањето на прекуграничниот криминал.

Според информациите на МВР предвидено е да бидат распоредени 100 полициски припадници на европската оперативна полициска агенција долж македонско-грчката граница. Нивната мисија ќе трае до крајот на годината. Нивното доаѓање, при ратификувањето на Договорот за соработка, го најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Фотографии : https://frontex.europa.eu/


1022