April 25, 2024

Океанија и земјите од јужната хемисфера посведочија затемнување на Сонцето од Месечината

Жителите на oстровот Ексмут и Бароу во регионот Нингало во Западна Австралија, источните региони на Тимор-Исто и Западна Папуа во Индонезија утринава имаа можност да посведочат на тотално затемнување на Сонцето.

Фото: 19 минути пред тотално затемнување, сопственост на Опсерваторија во Перт, Австралија

Овој феномен се случува ретко, а уште поретко е добро видливо за жителите на Земјата. Овој пат Месечината го затемни Сонцето оставајќи само огнен прстен. На крајот од најмладиот континент затемнувањето се следеше преку телескопи во Перт и Соларната опсерваторија Леармонт, јужно од Ексмут на западниот брег на Австралија.

Фото: 12 минути по тоталното затемнување , сопственост на Опсерваторија Перт, Австралија


1029