April 25, 2024

На 26 седница на Советот на општина Битола, советниците го констатираа прекинот на мандатот на советничка од ПОДЕМ, дел од коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Жанета Ангелевска која се повлече од функцијата поради лични професионални причини.

На нејзино место доаѓа следната од листата на предложени кандидати од локалните избори во 2021 година, Ленче Илиевска.

Ленче Илиевска родена на 24.05.1969год. во Битола.Основно и средно образование завршено во Битола,а дипломирано на Педагошкиот факултет во Скопје на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” Скопје со звање-Дипломиран професор по одделенска настава. Работно искуство како одделенски наставник во ОУ ,,Славко Лумбарковски” – с.Новаци ,а од 2010 година во ОУ ,, Д-р Трифун Пановски” -Битола,ПУ с.Трново.

Тогаш јавноста и ја запозна. Со помош на црковниот одбор од селото и родителите, Илиевска успеа да го трансформира училиштето од заборавен објект заглавен во 16 век, во прифатливо место со вода и канализација и тоалет внатре во зградата. Придонесе за реконструирање , или повеќе соодветно, образовно уредување на училниците.


1038