April 25, 2024

Прекината 26 седница на Советот на општина Битола на неодредено, СДСМ не учествува во работата

Со неколкукратни изземање од гласање на тројцата советници на ПОИНАКУ по предлозите на советниците од ЛЕВИЦА за дополнување на дневниот ред и по прашањето за издвојување на средства за реализација на поплочувањето на просторот зад некогашен ЈАТ, ги натера советниците на СДСМ да ја напуштат седницата на која треба да се зборува за работата на јавните комунални претпријатија во 2022 година.
За уредување на просторот по отстранувањето на времените објекти – гаражи од површината зад зградите на ул. Димитар Илиевски Мурато,(порано Борис Кидрич) на Општината најпрвин и беше потребна техничка документација и градежен проект со дозвола за поплочување на просторот, но и законско, проектно решавање на согледаната потреба за одводна канализација и осветлување. За реалзација на ова потребно е, во услови кога нема ребаланс на буџетот, да се издвојат средства од друга програма за работа на Општината, им беше објаснето на советниците на неколкуте Комисии на Советот што се одржуваа денеска.

Фото: Иван Чулаковски, советник ПОИНАКУ, сопственост на ПОИНАКУ, ФБ

ПОИНАКУ и досега укажувало на долготрајноста на реализација на овој проект, па денеска преседателката Габриела Илиевска од говорница порача : „Како советничка група нема да гласаме за вакви одлуки, некој го злоупотребува Советот ; затоа што јавноста не плука нас, ама реализацијата е некаде заглавена во администрацијата.“

Фото: Бојан Бојкоски, координатор советничка група ВМРО-ДПМНЕ


Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Бојковски укажа на фактот дека доколку не се изгласа одлуката, Општината воопшто нема да може да го изработи проектот. „Не се носи нова специјална одлука, туку измена во распоред на средства, како што и во 2022 година кога имавме вонредна седница со цел прераспределба средства од образование.. одлукава е иста, за да може да се отпочне проектот да се реализира. Ова е само техничка работа за да може законски отпочнување на постапка за изведувач.“ рече Бојковски. Тоа за советниците од СДСМ беше јасен знак, дека во интерес на потребите на граѓаните мора да гласаат за оваа точка, која на крај беше прифатена со мнозинство гласови, и само 5 против.


Но, за следните точки, извештаите за работа на јавните претпријатија, координаторот на советничката група на СДСМ ја најави политичката реакција – напуштање на седницата и оставање на владеачката коалиција да си ги среди односите.

Фото: Методија Илиевски, координатор советничка група СДСМ


Методија Илиевски рече: „Медената година помина за ВМРО и ПОИНАКУ особено за ЈП-а. За тоа во каква состојба ги презедовте ЈП-а и какви се истите денес може да се направи убава споредба и да се оцени начинот на вашето работење. Овде во дискусиите често знаевме да кажиме , па и вие директорите, дека голем дел од јавните претпријатија ги презедовте во добра кондиција и со позитивни сметки. За да во изминатата година се случат неколку директорски измени кои почнуваа да говорат за вашата неспособност за да функционирате како власт и денес кога ги имаме извештаите за работа со одложувањеод еден месец , за да видиме како вие истите вчитувате сериозни загуби. Клучно прашање , ако успеавте од позитивна нула или позитива да ги преземите, денес да се во загуба, што ке се случи по 1 или 2 години? Ако продолжите вака ке треба да ги затворите, ние да прогласиме стечај и да ја затвориме Општина Битола.“ , и продолжи „Ние нема да продолжиме да учествуваме во ваква лакрдија, пазарење што го правите, затоа што сме овде за Битолчани. Имаме дневен ред од повеќе од 80 точки како и претходно на седници кои траеле повеке од 10 часа, за да констатираме дека нема напредок … Ќе ја напуштиме седницата.“
Пред советниците да ја напуштат салата, Илиевски им подари „Пофалници“ на директорите , градоначалникот и претседателката на Советот.

Фото: слика од екран од денешната седница, сопственост на Општина Битола, YouTube

1042