April 25, 2024

Стручната здравствена комисија денеска ќе се произнесе по последните збиднувања во Клиничка болница Битола и болницата во Тетово

Денеска се очекува да биде објавен извештајот на стручната комисија за случајот со родилката која го загуби бебето кратко по породувањето во битолската болница. Специјалисти од Скопје предложени од министерот за здравство пред 10-тина дена направија надзор за да видат дали биле почитувани медицинските протоколи. Претходно ДСЗИ констатираше пропусти и најави прекршочни пријави за гинекологот, директорот и установата. И младата жена која остана без новороденчето на социјалните мрежи ја сподели голготата низ која поминала обвинувајќи за непрофесионалност, ривалство и дрско однесување на доктори во Клиничката болница Битола.
И за овој случај како и за малата Јана обвинителството се уште ги чека обдукциските наоди кои треба да ги утврдат причините за смртта и дали има основи за понатамошни постапки. Во меѓувреме за анестезиологот од Тетово кој снимаше и објавуваше пациенти и медицински персонал на Тик Ток експресно за 1 недела е поднесено обвинение и му се заканува затвор и до 8 години. Случајот утре повторно ќе го разгледува и Судот на честа при Лекарската комора и доколку не поднесе жалба ќе одлучат на колку време ќе му биде одземена лиценцата.

Извор: ТВ Сител


1028