Премиерот и министерот за економија денес во РЕК Битола, ќе го прогласат крајот на грејната сезона

Според најавата од владиниот кабинет, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе допатуваат во битолско-новачкиот крај за официјално да го прогласат крајот на грејната сезона 2022/ 2023 година. Предвидено е да се обратат на настан со кој ќе се одбележи „успешното справување со најголемата енергетска криза која светот ја памети по Втората светска војна.“- стои во најавата.

И двајцата се под силна критика на ВМРО-ДПМНЕ, која пред само неколку дена преку соопштение констатираше дека државата „нема долгорочна стратегија за изградба на енергетски капацитети кои ќе произведуваат базна енергија“.

„ТЕЦ Осломеј три дена работи – два дена одмара, поради испад или “планиран” застој , велат од ВМРО-ДПМНЕ , „ Исто така состојбата и во РЕК Битола е драматична и многу неизвесна.“ „Излегувањето на медиуми и срамното констатирање дека домашните енергетски капацитети произведуваат повеќе од потребните количини на електрична енергија за Македонија е веќе смешно и трагикомично. Оправдувањето дека термоенергетските постројки (ТЕП) не работат затоа што цената на берза е поефтина од производствената паѓаат во вода, бидејќи сите веќе знаат дека овие постројки не смеат да имаат чести прекини во работењето. Честите испади и застои придонесуваат за предвремено амортизирање и скратување на животниот век на електромашинската опрема, а и секое стартување на еден термо блок кое чини над 100 илјади евра за ТЕЦ Осломеј, а над 200 илјади евра за РЕК Битола.“ Партиските нестручни кадри на СДС поставени на раководни позиции без идеја и стратегија не сносат никаква одговорност за нестручното и безидејно раководење на енергетските објекти, ниту пак некој го бара тоа од нив. Ниту судската власт, ниту ЈО или антикорупциската комисија не реагираат соодветно, а нивното пасивно дејствување остава сомнеж дека сите институции се немоќни или заедно синхронизирани, а поради тоа нема кој да го заштити општествениот капитал на оваа држава.“

Фото: ТЕЦ Осломеј, сопственост на ЕСМ

На ова одговорија од ЕСМ. „ АД ЕСМ во текот на грејната сезона 2022/2023 ги стави во функција сите расположливи производствени капацитети со цел зголемување на домашното производство, успешно справување со енергетската криза без ниту еден ден рестрикции и е насочена кон овозможување на предуслови за стабилизирање или намалување на цената на струјата.
Затоа, овие паушални обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ не можеме да ги земеме како сериозни, а најмалку како вистинити, бидејќи нивниот легитимитет на „загриженост“ е потрошен.“ Иако, конзумот за празниците е многу помал споредбено со другите работни денови, во моментов согласно планот, работат двата блока во РЕК Битола со повисока снага, а набавено е и електрична енергија заклучно со 26.04.2023 од 100 мегават часови. Бидејќи се задоволува конзумот со овие капацитети, сега е најдобар момент да се санираат дефекти што се воочени и се појавуваат во текот на работата на РЕК Осломеј. На нив се работи во моментот, а истовремено се преземаат и операции за пуштање, коишто ако се оди според планираното ќе овозможат РЕК Осломеј уште утре да биде повторно вклучен во мрежата на производство.“

Фото насловна: РЕК Битола


1098

Задолжително

Verified by MonsterInsights