Без политички и партиски потреси заврши 26 седница на Советот на Општина Битола
16 советници , од ВМРО-ДПМНЕ, ЛЕВИЦА и ДВИЖЕЊЕ ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ (предизборната коалиција на партиите ДОМ и ЛДП за локалните избори) денеска ја продолжија седницата на Советот, којашто во четвртокот на 20 април ја напуштија советниците на СДСМ и ПОИНАКУ.
Најпрвин советникот Ѓорѓи Ѓоргиев во својство на претседател на Комисија за статут и прописи и формално ги преброи присутните, кои, го констатираа мнозинството, го констатираа отсуството на претседателот на Советот и , повторно и ја дадода довербата на Марица Тодоровска како највозрасна меѓу нив да биде привремен претседавач со прекинатата седница.
Според глава 3 Претседавање на седницата од Статутот, Член 56:
„-На седницата на Советот претседава претседателот на Советот.
-Во случај на спреченост или отсутност на претседателот на Советот, седницата на Советот ја отвора најстариот присутен член на Советот, кој со истата претседава, додека не се избере член на Советот кој ќе претседава на седницата.
-Одлуката за избор на претседател на таа седница е донесена ако за неа гласале повеќе од половината присутни членови на Советот.“
Тодоровска повторно беше избрана да претседава со гласовите на сите присутни.
Усвоени беа согласности по одлуки за линеарно зголемување на платите на вработените во јавните и комунални претпријатија , одобрување на одлуките за зголемување на цените на некои од услугите на ЈКП „Нискоградба“ и „Паркинзи“ кон Општината, Иницијативата за доделување на финансиска помош во висина од 10.000,00 денари по семејство на неправедно осудените од настаните на 27 Април, 2017 година од советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, решенија за Програмите за екскурзии на основните училишта и разрешување и именување на членови на неколку општински комисии.