Семејствата на осудените од 27 април 2017 ќе добијат еднократна помош од 10.000 денари

Битолските советници денеска ја усвоија Иницијативата за доделување финансиска помош во висина од 10.000 денари по семејство на осудените од настаните на 27 април 2017 година во македонското Собрание.
Се работи за еднократна помош за 20тина семејства кои освен што по настаните во Собранието се соочија со кривичниот прогон и се најдоа на удар од секогаш поделената јавност, се соочуваат и со големи финансиски издатоци за судските трошоци.
Ова подразбира дека од Буџетот на Општината ќе бидат издвоени нешто повеќе од 200.000 денари.

Фото: слика од екран на сега затворената ТВ НОВА


Влезот на граѓаните во Собранието се случи по контроверзниот избор на претседател на Собранието за кој до денес нема излезено записник од седницата ниту бројот на гласови со кој Талат Џафери стана вториот најголем функциониер во Македонија.

За настаните во Собранието беа обвинети 33 лица. Тие се гонеа за терористичко загрозување на уставниот поредок. Обвинетите во судскиот процес за „27 април“ во текот на постапката ја негираа својата вина. Освен критиките за неисполнување на кривичното дело „терористичко загрозување“, случајот стигна до институциите кои се занимаваат со човекови права и по ослободувањето на 5 поранешни пратеници кои потоа гласаа за Преспанскиот договор, а дополнително се зголемија повиците од секој од осудениците поединечно дека во процесот и за време на нивното затворање се постапувало на нивна штета преку принципот „селективна правда“.

Фото насловна: сопственост на Собрание на МК


1157

Задолжително

Verified by MonsterInsights