April 19, 2024

Од РЕК Битола свечено прогласен крајот на грејната сезона

Премиерот Димитар Ковачевски во „РЕК Битола“, заедно со министрот за економија Крешник Бектеши, со генералниот директор на ЕСМ Васко Стефанов, раководството на РЕК, раководители, вработени во енергетските капацитети, во присуство на медиумите го означи крајот на грејната сезона за оваа година.

На настанот беа доделени благодарници за вработените кои неуморно работеа во услови на најголемата светска енергетска криза, која светот ја памети по Втората светска војна.

Освен за трудот што го вложија вработените во енергетскиот сектор, Ковачевски не го заборави и политичкиот дел: „Сега кога завршува грејната сезона, можам само да бидам горд на резултатите кои ги постигнавме и на заедничкиот успех: Кризата ја претворивме во можност.“- рече пред присутните на премиерот Ковачевски.„Помошта од нашите сојузници и стратешки партнери, како и на Европската Унија со 80 милиони евра, беше многу значајна за да успееме да ги реализираме нашите напори да нема ценовен шок за граѓаните и сметките за струја да останат исти….Да сублимирам: Во текот на целата грејна сезона струја и парно имаше, рестрикции немаше. Зголеменото домашно производство, донесе стабилна цена. Планот даде резултат. Тоа е најдобар демант за критичарите и квази експертите кои во текот на последниот квартал минатата година предвидуваа најцрни сценарија и го вознемируваа народот….

Во рамки на грејната сезона 2022/2023, за месеците октомври, ноември, декември, јануари, февруари, март имаме вкупно домашно производство на електрична енергија од 2,7 милиони Mwh. Во споредба со претходната грејна сезона 2021/2022 има зголемување на вкупното производство на електрична енергија од 45%, односно за шест месеци минатата година се произвеле вкупно 1,8 милиони Mwh електрична енергија. …“

„Ова е патриотизам во 21 век – со посветена работа работниците ја докажаа и одбранија енергетската независност на државата и работеа со капацитети стари 40 години на нивно одржување ремонт и на нивно постојано држење во функција со цел да се произведува електрична енергија.“ – истакна во својот говор премиерот Ковачевски.


1025