Продолжен рок за ДДВ пријави на месечни и тримесечни обврзници
Управата за јавни приходи денеска соопштува дека даночните обврзници и сметководителите имаат три доплнителни работни денови за поднесување на ДДВ-04 пријави.
Крајниот рок за поднесување на овие даночни пријави за даночните периоди од 01.01.2023 – 31.03.2023 и за 01.03.2023 – 31.03.2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25 ќе се смета 28 април.
Продолжувањето на рокот е организациска промена, поттикната од двата продолжени викенди поради верските празници. Пријавите се доставуваат електронски.