„ОТВОРЕН ДЕН – НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ“- отворен ден на УКЛО во пресрет на патронатот

Поттикнување на иницијативноста со обезбедување на можности за квалитетно образование, личен и кариерен раст и развој преку користење на програмите за мобилност, неформално образование, програми за стартапи, можности за доквалификација и прекфалификација, како и со користење на програмите на институциите и граѓанскиот сектор. Ова денеска е темата, иницирана преку настанот „Отворен ден на УКЛО“ што се реализираше во КИЦ – Офицерски -Битола.

Насловен како ден на Универзиетот Св. Климент Охридски и партнерите , настанот претставуваше и своевидна промоција на проектот „Универзитетска летна пракса“. Четириесет студенти од УКЛО ќе реализират платена летна пракса во Општина Битола и јавните претпријатија во надлежност на локалната самоуправа. За овој значаен проект распишан беше повик до студентите, да земат учество во „Универзитетската Летна Пракса“, да ги збогатат своите практични вештини во месеците од летната ферија: јули, август и септември. За реализација на практиканската работа, избраните студенти од општина Битола ќе добиваат месечен надомест од десет илјади денари.
Вклучувањето на студентите во општинските текови надвор од Универзитетот преку пракса во општините окои ги опфаќа и претпријатијата кои се отворени за соработка, претставува развивање на основните дејности на Универзитетот во надворешен контекст.

Овој социјален дијалог , повече практична соработка е начинот на кој се создаваат услови за економска и социјална стабилност, а и искористен е од сите развиени земми во светот.
„Успешноста во едно општество се создава само преку заедничко делување на сите релевантни фактори кои имаат за цел да изградат здрави, едуцирани личности, за потоа токму тие млади луѓе да бидат движечка сила за успешната иднина на местото во кое живееме, за иднината на нашиот град.- им рече градоначалникот д- р Тони Коњановски на присутните и додаде „ Годинава за првпат на 44 годишнината од основањето на нашиот битолски универзитет „Свети Климент Охридски“, како заедничка иницијатива и вмрежување на општината, локалниот – економско социјален совет, УКЛО, Центарот за вработување, Регионалната стопанска комора, Младинскиот културен центар, Преда фондација и преку директно вклучување на бизнис секторот, организираме Отворен ден, на кој сите заинтересирани на едно место можат да изберат во која насока ќе го продолжат својот образовен, професионален, кариерен развој.

Во рамките на „Отворениот ден“, МКЦ – Битола во соработка со Агенцијата за вработување и Регионалната стопанска комора Битола организира поврзување на бизнис заедницата (промоција на отворени работни позиции) со невработени лица. Овој дел од настанот нуди информација, мотивација и можност за невработени лица од општина Битола да се поврзат, да аплицираат и да се вработат во брзорастечки компании, големи компании, мали и средни бизниси, иновативни бизниси и старт ап компании од една страна и компании кои имаат потреба од работници со стручни квалификации, кои нудат слободни работни места. Во овој дел повеќе од 20 компании ќе промовираат повеќе од 100 отворени работни позиции за различни профили на граѓани, преку познатата програма Ден на кариера.

Преда Плус Фондацијата промовира програма за поддршка на стратапи во AgriTech i TourTech. Преку оваа програма, младите се мотивираат да останат во Битола и да студираат на УКЛО, да се едуцираат, да започнат свој сопствен бизнис или да се вклучат во едукативни програми и да работаат на сопствениот кариерен раст и развој.
Настанот беше збогатен и со музички хепенинг на кој настапуваат бројни битолски бендови и ДЏ-и, а Универзитетското радио УКЛО ФМ ќе емитува своја програма од „Отворениот ден“.
