Турција додели врховен државен медал за пожртвуваност на спасувачите од Македонија и светот
Врховен претседателски и државен медал за пожртвуваност и истакната хуманитарна активност од претседателот на Република Турција добија денеска сите спасувачи кои во февруари годинава доброволно учествуваа во меѓународната спасувачка мисија по земјотресот кој се случи на 6 февруари.
Во потрагата и спасувањето по катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција, од Битола учествуваа 5 спасители, Петар Нолев, Зоран Балуловски, Владо Николовски, Петре Илиоски и Игор Радичовски, кои работеа на потрага по преживеани во градот Адиаман. Македонските тимови успеаја да извлечат една 38 годишна жена.

Церемонијата на прогласување херои на пожртвуваноста се одржала во Националниот конгресен културен центар во Бештепе.

Врховното турско признание од името на македонските спасувачи, пожарникари и војници го презедоа заменикот директор на Дирекција за заштита и спасување Зулфиќар Зајнулаи и амбасадорот на Македонија во Турдија Јован Манасојевски.
Покрај републичките сили на Дирекцијата за заштита и спасување, учествуваа и припадници на Армијата на Република Северна Македонија.