Од 24-30 овој месец се одбележува недела на вакцинирање
Од 24 до 30 овој месец светотското здравство одбележува светска недела на имунизација. Традиционално се слави во последната недела од месец април, а има цел да ја да ја истакне колективната акција потребна за заштита на луѓето од болести кои можат да се спречат со вакцини. Под знамето на „Големото достигнување“, СЗО работи со партнерите за да ги поддржи земјите да се вратат на вистинскиот пат за да се осигураат дека повеќе луѓе се заштитени од болести кои можат да се спречат.
„Треба да дејствуваме сега за да ги достигнеме милионите деца кои пропуштија да добијат вакцини за време на пандемијата, да го вратиме суштинското покривање со имунизација на најмалку нивоа од 2019 година и да ја зајакнеме примарната здравствена заштита за да имунизацијата. “ стои во прогласот на СЗО. КОВИД 19 пандемијата постепено се повлекувам но крајот на вонредната состојба во јавното здравство сеуште не е прогласен. „Сеуште се надеваме дека некаде оваа година ќе може да прогласиме крај на вонредната состојба во јавното здравство на меѓународно ниво“ рече Тедрос Гебрејесус, шеф на Светската здравствена организација. „Најпрвин агенцијата ќе објави водич за долгорочно управување со Ковид 19“.
Според светски прифатените норми македонското јавно здравство работи според календар за имунизација преку кој се опфатени лицата на возраст од 0 до 18 години.

1 Во првите 24 часа од раѓање детето се вакцинира со Хепатитис Б вакцина.
2 До крајот на првата година детето се вакцинира со БЦГ вакцина без претходно туберкулинско тестирање.
3 Со полни 2 месеци детето се вакцинира со шестовалентна вакцина која содржи (ДиТеПер ацелуларна, ХиБ, Хеп Б и ИПВ) или со поединечни вакцини.
4 Со полни 3,5 месеци детето се вакцинира со петтовалентна вакцина која содржи
(ДиТеПер ацелуларна, ХиБ и ИПВ) или со поединечни вакцини.
5 Со полни 6 месеци детето се вакцинира со шестовалентна вакцина која содржи (ДиТеПер ацелуларна, ХиБ, Хеп Б и ИПБ) или со поединечни вакцини.
6 Со полни 12 месеци детето се вакцинира со МРП вакцина.
7 Со полни 18 месеци детето се вакцинира со петтовалентна вакцина која содржи
(ДиТеПер ацелуларна, ХиБ и ИПВ) или со поединечни вакцини како I ревакцина.
8 Со полни 4 години детето се вакцинира со ДиТеПер како II ревакцина.

9 Со полни 6 години детето се вакцинира со МРП ревакцина.
10 Со полни 7 години детето се вакцинира со Ди-Те адултна вакцина како III ревакцина и
со ОПВ како II ревакцина.
11 Со полни 12 години се вакцинираат само девојчињата со ХПВ вакцина.
12 Со полни 14 години детето се вакцинира со Ди-Те адултна вакцина како IV ревакцина и
со ОПВ како III ревакцина.
13 Со полни 18 години детето се вакцинира со Тетанус V ревакцина.