Вечерва во битолскиот народен театар повторно авторскиот проект на Марјан Георгиевски, кој заедно со Александар Димовски го создаваат овој “cinema theatre” користејќи повеќе алатки кои ги пружа театарот и филмот го создаваат овој театарски моноспектакл насловен ЖЕЛЕЗНО НЕБО.

Приказна за еден балканец, за се што му е „обесено“ на вратот, за неостварените мечти, за “зацапаноста” во малограѓанштината, за соништата кои не можат да се остварат. За тоа кога сме притиснати до ѕид – како животни, кога немаме друг избор освен да го земеме животот во сопствени раце.
Претстава за бегањето од сопствените корени. Како е да се сонува со џебови полни камења?

Игра: Марјан Георгиевски Гласови: Јасмина Василева Марко Богдановски Марија Стефановска
Невена Ѓаковска Дизајн на звук и музика: Александар Димовски Видео оператор: Владимир Переловски Фотографија на плакат: Сашо Илковски
Влезници по цена од 200 денари набавете ги од билетарата на НТБ од 18-20 часот.
Влез: службен влез
БРОЈОТ НА СЛОБОДНИ МЕСТА Е ОГРАНИЧЕН

Извор: БНТ


1192

Задолжително

Verified by MonsterInsights