Денеска од 11часот „Млада креативна Битола„
Креативноста на младите е наша стратешка и програмска цел. За прв пат во Битола, овој Четврток на 27.04.23, со почеток во 11.00 ч. на платото на Офицерски дом – КИЦ Битола, ќе се оддржи празникот на креативноста „Млада креативна Битола“ на која ќе учествуваат голем број на ученици од основните и средни битолски училишта со свои креативни презентации од областа на поезијата, прозата, ликовната уметност, музиката и бројни други креатции создадени од младите под менторство на нивните професори и наставници.
Овој настан е дел од меморандумот за соработка која КИЦ Битола и претставниците на средните битолски училишта ја потпишаа речиси пред два месеца, а која веќе донесе неколку соработки и отвори можност за креативно претставување на младите во Битола.
Извор: КИЦ