April 19, 2024

22 години од бруталниот масакр во поновата историја на Македонија , кај Вејце

На денешен ден пред 22 години, терористите од ОНА од заседа убија 8 припадници на македонските одбранбени сили во воениот конфликт од 2001 година во Македонија.
Загинате беа на возраст меѓу 24 и 30 години: Марјан Божиновски (27) од битолско Горно Оризари, Илче Стојановски (24) од битолско Породин, Бошко Најдовски (25) од битолско Долно Оризари, и Кире Костадиновски (24) од битолско Горно Оризари, Роберт Петковски (27) од скопско Бунарџик, Игор Костески (26) од Кисела Вода, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Бобан Трајковски (28) од Куманово.


Масакрот кај Вејце е најкрвавиот и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Масакрот се случил на 28 април 2001 година во 17:45 часот откако од заседа патролата на загинатите била нападната со силно огнено оружје. Се пукало од золји, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје. По оружениот напад кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела е направен грозоморен масакр, а тројца од полициските сили на СВР Битола биле запалени. ] По убиството, бандата ги масакрирала мртвите тела на жртвите, а потоа се повлекла во шарпланинските села и се упатила кон граничниот реон, од каде што пребегнала во Косово.

Иако нападнати од заседа и во безизлезна правлива кривина, на планинскиот пат помеѓу селата Селце и Вејце – тетовско, војниците и полицајците давале получасовен отпор, бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија.


Уште при првите истрели, тројцата полицајци Марјан Божиновски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, зазеле позиции зад возилото, но, за жал, брзо се здобиле со тешки смртоносни рани. Четвртиот нивни колега Илче Стојановски, успеал да се повлече и да стигне до третото возило „хамер“, каде што заедно со ранетиот „волк“ Игор Костески давале отпор. Преку мобилниот телефон Илче Стојановски се јавил на двапати кај неговиот претпоставен во базата во Тетово и му пренесол дека се нападнати, дека има ранети и загинати и бара да им се испрати итна помош, која за жал, не ја добиле. Еден близок другар на Илче има изјавено:„…му го препознав гласот и му реков на командирот да се вратиме и да им помогнеме.“ Уште еднаш очајнички и беспомошно се јави гласот на Илче преку радиостаница:

„Нема потреба повеќе да ни доаѓате во помош. Сите ќе изгинеме за Македонија…“

Вејце од 2001 останува во колективната меморија на Македонците како место на безумнно злосторство, најголем пораз на државните институции од група терористи и бандити.
Веднаш по дознавањето за масакрот, во Битола, од каде што потекнуваа четворица од настраданите, дојде до голем револт. Револтот кулминираше во безредија низ улиците на Битола во кои четворица беа повредени и беа демолирани четириесет дуќани, претежно на муслимански сопственици.
До денес пред ниту еден македонски ниту меѓународен суд нема судска постапка за воени злосторства против ниту едно лице. Ниту пред Хашкиот Трибунал, специјалниот суд за воени злосторства на територијата на поранешна Југославија чија надлежност беше заменета со Механизам за кривични судови во 2017 година , не беше посочено ниту едно лице.


Да не се повтори !


1061