Битола оддаде почит кон загинатите во Вејце, Шипковица и сите кои учестуваа во воениот конфликт од 2001 година

Во чест на загинатите припадници на македонските безбедносни сили , пред споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола и споменикот „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот на Бошко Најдовски во Долно Оризари, свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општината, полицијата, семејствата на загинатите, политичките партии и граѓаните.


Денешниот ден е сеќавање на еден тежок настан од конфликтот во 2001, кога Битола ги загуби Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, а споменот за овие наши херои, ќе остане вечно сочуван.

„22 години од маченичката смрт на четворицата бранители на Македонија, нивната погибија во Вејце. Сочувство до семејствата, до Министерството за внатрешни работи и сите нивни пријатели и роднини кои сочувствуваат со овој момент. Тука сме да го сочуваме поменот на овие наши македонски херои, да одадеме почит и да кажеме дека она што останало во историјата не треба да го заборавиме. Со споменот нивни, заедно, во Битола, да продолжиме да го градиме ова општество во кое треба да продолжиме да живееме.
Вечна им слава и помен на хероите!“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски на денешното чествување.

Фото: Претставници на Советот на Општина Битола (горе) и ОК ВМРО-ДПМНЕ (долу) оддаваат почит кон жртвата

Свежо цвеќе беше положено и кај Споменикот на бранителите / Ангелот, што се спомен обележје на сите загинати бранители од Битола и битолско во конфликтот од 2001 година. Споменикот претставува ангел со издигната рака вперена кон небото. Висок е повеќе од четири метри. Посветен е на Илче Стојановски, Бошко Најдовски, Кире Костадиновски и Марјан Божиновски кои загинале во масакрот кај Вејце, и Благојче Силјанов, Влатко Миленковски и Пеце Матичевски кои ги загубиле животите на 5 јуни 2001 година во Шипковица.

Извор: Општина Битола


1183

Задолжително

Verified by MonsterInsights