‘‘Демократи‘‘ протестираа во Битола проти високите плати на политичарите

Партијата ‘‘Демократи‘‘ вечерва во Битола организираше мирен протест во знак на револт поради зголемувањето на платите на функционерите. На говорницата имаше повеќе говорници, а нивните ставови ги образложи лидерот Јорго Огненовски, кој говореше и за проблемите во здравството, јавната администрација и образованието. Партијата најавува протести и средби со граѓани во сите градови од државава.
