Во Кахранмармараш повторно земјотрес

Жителите на разурнатиот регион од земјотресот во февруари во Турција, Карханмармараш утринава на 5 минути пред 5 часот повторно ги разбуди и вознемири земјотрес.
Според информациите на новинската агенција Анадолија, земјотресот бил со јачина од 4.7 степени по Рихтеровата сеизмичка скала, а епицентарот бил на длабочина од 7 километри во местото Гоксун.
Засега нема информации за жртви или материјална штета .
