8 , 8 , 8 – Да живее 1 Мај !
8 часа работа, 8 часа за одмор и 8 часа за рекреација и образование.
Ова е залагањето и борбата на работниците во светот што се одбележува на 1 Мај , а со текот на времето станала симболот на работничките права.
Светот денеска се потсетува на крвавиот протест на работниците во Чикаго, САД протестирале за 8,8,8 , но, историјата покажува малку подзаборавена или само недоволно пишувана историја. Во текот на средината до крајот на 1800-тите, работниот ден беше долг и напорен, каде што некои вработени работеа до 12 часа на ден, шест дена во неделата.
На 21 април 1856 година, каменорезците на Универзитетот во Мелбурн маршираа до Парламентот и бараа :
8 часовен работен ден,
8 часовен одмор,
8 часовна рекреација ( и образование)
8 боба дневно – „боб“ е фраза која се користела да ја опише платата на англиските војници кои заработувале многу повеќе од работниците,
Праведна дневна плата,
Правичен работен ден.
Последните две ја содржат сета борба и целта на работниците од 19 век за почитување на сложеноста на работата и трудот кој се вложува.

„Праведна дневна плата за правичен работен ден“ е мотото на сите протести организирани подоцна, а стана и мотото на Американската федерација на трудот.
Каменоресците од Австралија на крај постигнале договор со работодавците за 48-часовна недела и австралиските работници го поздравија новиот осумчасовен ден.
Во 1856 година, новите работни регулативи беа признати во Нов Јужен Велс, по што следеа Квинсленд во 1858 година и Јужна Австралија во 1873 година.
На 12 мај таа година и секоја година потоа се одржувал „марш на победа“ се додека не се приклучиле кон меѓународниот ден на трудот 1 Мај .
Протестите во Чикаго дојдоа подоцна, во 1886 година.
Фото насловна : Ant Rozetsky, unsplash