March 28, 2024

Практична Кина ќе „вработува“ по селата, ревитализирана политика на Мао Це Тунг

Еден од пет млади луѓе во кинеските градови е без работа. Според информациите и според CNN што ја објавува целата приказна на https://edition.cnn.com/2023/04/30/economy/china-youth-unemployment-intl-hnk/index.html т.н урбана невработеност кај младите од 16 до 24 години се искачи на 19,6%, второ највисоко ниво досег во историјата на Кина , а во бројки значи околии 11 милиони млади без работа во градовите.
Како што расте стапката на невработеност кај младите во Кина, најбогатата провинција во земјата Гуандонг понуди решение: „Испратете 300.000 невработени млади луѓе на село на две до три години за да најдат работа.“ И ова го објави на социјалните мрежи, а предизвикало лавина реакции.

„Гуангдонг, минатиот месец рече дека ќе им помогне на дипломираните факултетлии и на младите претприемачи да најдат работа во селата. Истовремено ги охрабри младите од руралните средини да се вратат на село за да бараат работа таму. “ Кој има некаков имот да си го провери.
Објавата го поддржува повикот на претседателот Си Џинпинг од декември 2022г за младите од градовите да бараат работа во руралните области во обид да се „ревитализира руралната економија“.
Негативните реакции не доаѓаат заради отсуството на желба, туку заради очигледнио обид да се ревитализира политиката започната пред неколку децении од поранешниот лидер Мао Це Тунг . Тој тогаш наместо да ги покани да се вратат во селата, ефективно прогони десетици милиони луѓе во оддалечените области на Кина. Неговиот критериум бил одмазднички политички, иако ефектот што се обидувале и го постигнале би бил ист – развој на руралната економија.

Фото насловна: 17china-population-mktl-videoSixteenByNine3000 new yourk times


1101