April 18, 2024

Телевизија ВИСТЕЛ започна да емитува програма

Телевизијата „Вистел“ на Владиката Петар односно Петар Каревски, почна да зрачи во етерот. Една од првите содржини пуштени на програмата утринава е филм со Македонци кои отишле во Русија да бараат жени. Во еден дел од филмот се појавува и самиот Владика Петар, во сцена од црква. На одјавната шпица од филмот во делот на соработници стои Преспанско-пелагониската епархија, додека во делот на „посебна благодарност“ е пишано: „до неговото Високопреосвештенство митрополит Австралиски и Новозеладски г. Петар“.

Телевизијата „Вистел“ е сопственост на фирмата „Преобразба ДООЕЛ Скопје“, чиј сопственик е Петар Каревски односно Владиката Петар. Ќе емитува целодневна програма.

Извор :МакФакс


1350