Временска прогноза

Претежно облачно, во источните делови со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Утре и во четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, на места поинтензивен и проследен со грмежи и засилување на ветерот.

Дневната температура ќе се намали.

Од петок се очекува посончево и потопло време, со услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови.

Извор: УХМР


1100

Задолжително

Verified by MonsterInsights