Се огласи ликовниот уметник Андреевски за инцидентот во Солун: Политиката се обиде да ја победи уметноста

Со овој наслов порталот Република online ја пренесува пишаната изјава на уметникот Сергеј Андреевски кој минатата недела ја претстави својата изложба насловена „неизложени дела на хартија“ , продолжеток на циклусот/ изложбата „Хартии„ што ја имал минатата година во Скопје, а беше предвреме затворена поради нападот од активисти на екстремната „Златна зора„ во Грција.

„Да се биде творец денес, во сопствен свет, со личен ракопис, или да се живее сопствениот сон со потези широко насочени кон светот, наведува тој, не е едноставно.

-Живееме во време на пандемии, војни, економски турбуленции и воопшто, преструктурирање на планетата земја. Сите сме, помалку или повеќе вклучени во промените. Сето ова, особено не засега нас, уметниците. Нам ни треба свет без граници, луѓе без вардели. Со мојата уметност отсекогаш трагав по нови, неоткриени предели за да прозвучат нивните убавини преку моите слики, потенцира Андреевски.“

За својот „успех“ активистите се пофалија на социјалните мрежи со видео, што им помогна на грчките ограни на прогон да ги идентификуваат за спроведување на истрага. Во објавеното видео на т.н „Фронт на подмладокот- Златна зора“ тврдат дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“, коментираат дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија“, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, а тие морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“.


1148

Задолжително

Verified by MonsterInsights