Групa северни китови забележани во хрватскиот дел од Јадранот кај Вис
Десетина китови кои оделе од правец на Ластово кон Барјаци биле снимени со дрон во близина на островот Вис. Снимени се десетина китови во како пливаат во неколку групи, а видеото го објави Morski HR.
Големите северни китови се заштитени со закон и се на листата на загрозени видови. Најчесто доаѓаат на Јадранот во потрага по храна, најчесто за ситни риби и планктонски ракчиња. Големиот северен кит е во просек долг 20 метри и тежок 70 тони.